34%

Soundbar SAMSUNG HW-Q990F, 11.1.4.ch, 756W

Важи до: 15.11.2026 година
87999 ден.
57999 ден.

32%

Soundbar SAMSUNG HW-B750F, BT, 5.1

Важи до: 15.11.2026 година
18999 ден.
12999 ден.

27%

Soundbar SAMSUNG HW-B450F, 2,1 ch, 300W

Важи до: 15.11.2026 година
12999 ден.
9499 ден.

36%

Soundbar SAMSUNG HW-Q600F, 3.1.2 ch, 380W

Важи до: 15.11.2026 година
27999 ден.
17999 ден.

13%

Partybox SAMSUNG SOUND TOWER MX-ST40F, 160W, 12h, KARAOKE

Важи до: 15.11.2026 година
22999 ден.
19999 ден.

35%

Soundbar SAMSUNG HW-B650F, 3.1 ch, 370W

Важи до: 15.11.2026 година
16999 ден.
10999 ден.

25%

Soundbar SAMSUNG HW-Q800H, 5.1.2, Wireless Dolby Atmos

Важи до: 15.11.2026 година
39999 ден.
29999 ден.

30%

Soundbar SAMSUNG HW-Q930H, 9.1.4, Wireless Dolby Atmos

Важи до: 15.11.2026 година
59999 ден.
41999 ден.

13%

Soundbar SAMSUNG HW-Q990H, 11.1.4, Wireless Dolby Atmos

Важи до: 15.11.2026 година
77999 ден.
69999 ден.

Neptun

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација – Balkan Finance Investment Group.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонија,

Првата продавница на Нептун е отворена во 1998 година во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Во 2006 година се отвораат продавниците во Градскиот стадион во Скопје, како и на репрезентативни локации во Гостивар и Тетово. Во наредниот период, компанијата продолжува да ги доближува своите услуги до купувачите од другите градови во Македонија отворајќи продавници во Охрид и Куманово во 2007 година, во 2008 година мрежата се шири во Струга, Прилеп и Битола, а во 2009 година во Штип, Струмица и Кочани. 2007-та година е значајна и по започнувањето на експанзијата на мрежата Нептун на Косовскиот пазар. 2012 година е година во која во Скопје се отвoраат двете најголеми продавници, во Аеродром и Скопје Сити Мол во Карпош. Во периодот од 2012 до 2017 година се отвораат продавници во Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Чаир, Неготино, Свети Николе и Сарај во Скопје.

Во 2016 година, започнува со работа новиот магацински комплекс, лоциран во општина Илинден, кој по својата функција ги обединува работата на Магацинот, Шпедицијата и Јавниот царински склад.

Малопродажната мрежа на Нептун е веќе 20 години присутна на македонскиот пазар, во моментов е застапена со 27 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400.

Со цел постојано да биде во тек со движењата на пазарот, во 2009 година, Нептун се ребрендираше, притоа напуштајќи го стариот концепт на работа, и модернизирајќи го целокупниот изглед.

Во однос на брендовите кои ги застапува и продава, хронологијата го вели следново: Нептун станува официјален застапник за  Филипс во 1998 година, ексклузивен дистрибутер за ЛГ во 1999 година, официјален застапник за Сони во 2000 и ексклузивен дистрибутер за Беко во 2004.
Со сите брендови во своето портфолио, без разлика  дали станува збор за Беко, ЛГ, Самсунг, Сони, Филипс, Панасоник, СЕБ Групацијата (Тефал, Ровента, Мулинекс), Електролукс, Индесит, Бош, Асус, Хјуавеи или Фуего, Нептун е веќе значаен и незаобиколлив дел на пазарот за техничка опрема во Македонија и регионот.

Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел. Сето тоа се причини поради кои Компанијата постојано го следи наметнатото брзо темпо и е во чекор со потребите на клиентите. Постојано се инвестира во вработените, во нивниот професионален развој низ постојани обуки, а потоа и во нивната исполнетост на работното место. Работната атмосфера и инвестирањето во надградбата на вработените придонесува и за квалитетната и професионална услуга на клиентите.

Дополнително, за најдобро можно купувачко искуство, Нептун нуди и широка палета на услуги на своите клиенти како инстант кредити, осигурување на производите, дополнителни гаранции, разни типови на достава и најновиот продукт кобрендираната картичка happy во партнерство со НЛБ Банка.

Преземено од официјалната страна на NEPTUN.

Scroll to Top