26%
TV Sony 65″ K65S35B 4K Smart Led TV
7%
Notebook Acer Aspire Lite AL15-32P N4500/8GB/256GB/15.6″ FHD IPS/Win11Pro
47%
TARGUS AWE1103X CHILL MAT NOTEBOOK STAND
Техномаркет
ехномаркет претставува малопродажен ланец за техника кој на регионално ниво датира уште од 1997 година. Техномаркет Македонија е дистрибутер на производите од светски познатите брендови Panasonic, Electrolux, SONY, Philips, Samsung, Tefal, Krups, Zanussi, AEG, Rowenta, Gorenje, Whirlpool, Indesit, NEO, Amica, Hansa, Hotpoint Ariston и многу други.
Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.
Првата продавница на брендот Техномаркет е отворена во Скопје,на улица Скупи, на површина од 1.750 м2.Набрзо потоа беше отворен и најголемиот продажен салон на Техномаркет во Скопје – кај Градскиот Стадион во Градски Парк и првиот продажен салон надвор од Скопје – во Битола. Оттогаш Техномаркет почна интензивно да ја шири својата продажна мрежа и да ги доближува своите производи и услуги до сé поголем број на потрошувачи. Денес, Техномаркет Македонија има 19 продажни салони ширум земјава, со тенденција за отворање на уште нови – во сите поголеми градови низ Македонија, сопствена логистичка мрежа како и онлајн продавница.
Во продажните салони на Техномаркет можат да се најдат апаратите за домаќинство од познатите брендови Samsung, Philips, Sony, Panasonic, Electrolux, AEG, NEO, Daewoo, Indesit, Hotpoint Ariston, Rowenta, Tefal, Krups и многу други. Особена гордост за Техномаркет претставува лансирањето на сопствениот бренд NEO, кој стана особено препознатлив и баран на домашниот пазар.
Водени од желбата да се донесат најновите технолошки производи по прифатливи цени, да се има одлична логистика–достава по домовите на потрошувачите, пост–продажни активности, достапност и сервис на производите, како и обучен персонал кој е секогаш непосреден и посветен на потребите и прашањата на клиентите, Техномаркет Македонија веќе долги години успешно опстојува на македонскиот пазар градејќи ја и негувајќи ја довербата на купувачите.
Со цел да ги направи подостапни производите до сите потрошувачи, Техномаркет Македонија постојано организира бројни промоции, акции, наградни игри, програми за најверните купувачи, како и бројни настани од промотивен карактер. Во насока на излегување во пресрет на потрошувачите овозможува купувачот да одбере начин на кој ќе го купи производот и тоа: на кредит, со кредитни картички или пак преку синдикална продажба на рати.
Техномаркет Македонија се грижи за еколошката средина и организира Еко акции за откуп на штетниот електронски отпад, со тоа помагајќи да се зачува животната средина здрава и безбедна и овозможувајќи им истовремено привилегија и попуст на купувачите кои ќе се приклучат на оваа еко мисија.
Како предвесник на најновите трендови, Техномаркет од 2011 година воведе и онлајн купување, во насока на олеснување на процесот на купување.
Со Смарт Картичката од Техномаркет нудиме одлична и ексклузивна можност за нашите ценети купувачи за купување по акциски цени.
Преземено од официјалната страна на Техномаркет.