
TopPopusti.mk е направен со една едноставна идеја – да не мораш да пребаруваш 10 различни страни и флаери за да видиш каде што има попуст денес.
Ние секојдневно ги следиме и објавуваме само тековните попусти од маркетите, продавниците за техника, мода, спорт и се останато – она што е на акција токму сега.
Важно да знаете:
Тоа што еден производ е на попуст во една продавница, не значи дека е најевтин на пазарот.
Ние го прикажуваме она што продавниците официјално го објавиле како попуст. Не споредуваме цени помеѓу продавници и не тврдиме каде е најевтино. За тоа секогаш проверете и на други места.
Ние не продаваме производи и не сме поврзани со ниту една продавница. Само ги собираме попустите на едно место за да ви заштедиме време и пари.
Цените и попустите се преземени од официјалните страни и флаери на продавниците и можат да се променат. Секогаш проверете ја цената во самата продавница пред купување.
Ви благодариме што сте со нас!
Тимот на TopPopusti.mk